ФИЛМОВИТЕ НА ВУДИ АЛЕН И ПАОЛО СОРЕНТИНО ВО ГРАДСКИ ПАРК

Скопје,(СМАРТ.СДК.МК)

Утре и задутре, во Градскиот парк во Скопје повторно ќе се прикажуваат филмови под отворено. Утре, 13 септември, ќе се прикажува филмот „Ирационален човек“ на режисерот Вуди Ален, а в петок „Големата убавина“ на Паоло Сорентино. Двете проекции почнуваат во 20 часот.

Во рамките на септемвриското издание на Градски летен парк се вклучува и фестивалот на европски филм Синедејс. Како најава за неговото 17 издание, повторно организираме бесплатни филмски вечери преку Кино на отворено, продолжувајќи ја убавата приказна што почна во јуни“, велат од Младинскиот културен центар (МКЦ).

Во јуни во Градскиот парк во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар се прикажаа филмовите „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески и „Со љубов“ на Илија Цветковски.