ФИЛМСКИТЕ СТУДИЈА АНГАЖИРААТ СЀ ПОМАЛКУ РЕЖИСЕРКИ ДОДЕКА „БАРБИ“ НА ГРЕТА ГЕРВИГ РУШИ РЕКОРДИ

САД, (Вараети)

„Барби“ на Грета Гервиг не само што е филм со најголема заработка во 2023, туку влезе во историјата како филм со најголема заработка режиран од жена. Сепак, и покрај нивниот успех, минатата година големите филмски студија снимија филмови режирани претежно од мажи.

Ова е заклучокот од новата студија на Центарот за проучување жени во телевизија и филм на Универзитетот во Сан Диего. Истражувањето покажа дека жените сочинуваат само 16% од режисерите на 250-те филмови со најголема заработка, што во споредба со 2022 е значителен пад од 18%. Од првите 100 филмови со најголема заработка во 2023 жените режирале само 14%, што сепак е скромно подобрување од 11% во споредба со претходната година.

Покрај „Барби“, поп-пејачките Бијонсе и Тејлор Свифт се најдоа на врвот со нивните концертни филмови.

Сепак, сиот овој комерцијален успех не ја промени сликата за ангажманот на жените во филмската индустрија. Севкупно, жените сочинуваат само 22% од сите режисери, сценаристи, продуценти, извршни продуценти, монтажери и кинематографери кои работеле на 250-те филмови со најголема заработка.

(Фото: ЕПА)