Францускиот филм „Втор чин“ во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду и Луј Гарел во главните улоги, ќе има специјална проекција во Скопје, на 5 јуни во киното Синеплекс.
Светската премиера беше во мај на Канскиот фестивал (фото), а оваа проекција е дел од Гала филмската вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје.
„Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи се на политичката коректност. Полн со спонтан хумор, ‘Втор чин’ е еден од најдобрите филмови на Дипје, прецизно режиран со рекордно долги кадри“, се дел од критиките во француските медиуми.
(Фото: АФП)