ГРАДСКИОТ ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР СО ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ, БИЛЕТОТ Е БЕСПЛАТЕН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Градскиот дувачки оркестар вечерва (19 часот) ќе го одржи традиционалниот предновогодишен концерт во Младински културен центар (МКЦ). Влезот е слободен, со претходно подигнување бесплатен билет на билетарница во МКЦ.

Ќе се изведат дела од повеќе жанрови: поп, рок, џез, самба, како и македонски песни. Крајот е со „Радецки марш“  на Јохан Штраус.

Градскиот дувачки оркестар е формиран во 2006 на иницијатива на Град Скопје и МКЦ. Во него членуваат 29 професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност.