Сумба во Индонезија, брегот на Црното Море во Турција и Албанија се меѓу дестинациите кои „Си-Ен-Ен“ ги избра како неоткриени места кои треба да се посетат во 2024.
Сумба се препорачува поради тивките села, недопрените шуми и древните обичаи. Таа е спротивност од гужвата на Бали, кој е на само еден час лет. Можеби сè уште не е меѓународно познат, но тоа не значи дека е мал. Сумба е со големина од 10.000 квадратни километри, што е двојно повеќе од Бали.
Далеку помалку популарен од одморалиштата со медитерански јахти на тиркизниот брег на Турција, регионот на Црното Море исто така е познат како Карадениз. Климата е постудена, а областа е позната по одгледување црн чај, историски градови и села и плажи со адреналински активности.
Сместена во сендвич на јадранскиот брег меѓу Грција и Црна Гора, зачудувачки е што плажите на Албанија претходно не беа популарни. Но, поради поволните цени, туризмот е поразвиен во изминативе неколку години. Албанија лани го доби првиот национален парк со диви реки во Европа, околу реката Вјоса, долга 270 километри.
На листата места кои треба да се посетат годинава се и Узбекистан, Гренланд, Мароко, Панама, Јужна Кореја и Чиле.