КОКАН АЈАНОВСКИ ЈА ПРОМОВИРА ПРВАТА КНИГА „ТРЧАЊЕТО МЕ УЧИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Трчањето ме учи“ е насловена книгата на маратонецот Кокан Ајановски, која ќе биде промовирана вечерва во 19 часот во Јавна соба. Издавачот „Три“ вели дека ова е прва книга на македонскиот шампион во повеќе атлетски дисциплини, но и дека е многу повеќе од книга за лична заложба и стремеж кон успех.

„Книгата е збирка приказни со кои авторот ги пренесува инспирацијата и љубовта кон трчањето, но и најважната сила која нè движи напред и нè поттикнува да истрчаме уште еден километар, да направиме уште еден напор за да станеме подобри од она што сме. Неговите мисли и текстови се пренесени како секојдневна поддршка во патот кон целта. Зборовите како упорност, истрајност, дисциплина и благодарност се водилки во неговите приказни за постигнување најдобри резултати“, најавува издавачкиот центар.

Ајановски 22 пати беше државен првак во повеќе атлетски дисциплини.