КОНЦЕРТ НА ТОНИ КИТАНОВСКИ СО 7 МУЗИЧАРИ ВЕЧЕРВА ВО КУРШУМЛИ АН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Џез гитаристот Тони Китановски вечерва (20 часот) ќе одржи концерт во Куршумли ан, со музичарите Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид, Вилхен Мемедов.

Концертот ќе биде фузија на музика на светот со џез елементи, а го организира „Баги комуникации“.

Оттаму велат дека концертот е во рамки на проектот „Музиката зборува на сите јазици – 30 години мултикултура“, во чест на 30-годишнината од независноста на државата.

Организаторите најавува дека на концертот ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за безбедност на публиката и поради тоа, билетите по цена од 200 денари, се во ограничен број.