КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ СО ДОМАШНИ И РЕГИОНАЛНИ ПЕЈАЧИ ВО КРУШЕВО

Крушево, (СМАРТ СДК.МК)

В четврток од 19 часот, на платото пред Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески со неколкумина регионални и домашни поп пејачи. Настанот е на 5 октомври, денот кога Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје во 2007 година.

Неговите најголеми хитови ќе ги пеат Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев, „Инвиктус бенд“, српската група „Фрајле“, а од Црна Гора гостува пејчот Бојан Маровиќ, кој беше добар пријател со Тоше.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Хрватска на 16 октомври 2007 година, неполни две недели по последниот концерт, .