КОНЦЕРТИ НА „Д ЧИКС“, „ЗИМА БЛУ“, „ФОЛТИН“ НА ВЕЛЕШКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО

Велес, (СМАРТ.СДК.МК)

Концертите преовладуваат во содржината на Велешкото културно лето, кои ќе се одржуваат до крајот на месецов.

Според програмата што ја објави Општина Велес, велешкиот поп состав од три девојки „Д Чикс“ ќе настапат утре, Дац и Алексндар Митевски на 22 јули, џез составот „Зима блу“ од Велес на 24 јули, а „Фолтин“ на 31 јули.

Сите тие ќе се одржат на отворено во амфитеатарот на Младински театар од 20: 30 чaсoт и се бесплатни.

Концерт на класична музика, на дуо пијано е најавен со Светлана Ташева и Илија Настовски на 30 јули  во салата „Бели мугри“ во 19 часот . На 27 јули е изложбата на дела од ликовната колонија Неготино 2020 која ќе се отвори во Ликовен салон во 12 часот.

Содржините за август ќе бидат дополнително објавени, но познато е дека на почетокот на следниот месец, во првата половина ќе се одржи Фестивалот на античка драма „Стоби“. Неговите содржини и претстави ќе бидат носечки за овој период на Велешко културно лето.

П. ПЕЧКОВ