Мексиканската влада создаде голем подводен резерват околу група острови, кој е дом на илјаднции видови, вклучувајќи китови и морски желки.
Архипелагот Ревилагигедо е група на вулкански острови на јужно-западниот брег во земјата. Со заштитена зона од 150.000 километри, тој стана најголемиот океански резерват во Северна Америка.
Потегот ќе значи дека ќе бидат забранети сите активности за риболов, а во областа ќе патролира морнарицата. Се очекува овој потег да помогне да се обноват популациите, кои беа на удар од комерцијалниот риболов во оваа област.
Паркот беше прогласен со декрет потпишан од мексиканскиот пртседател Енрике Пена Нието. Со него исто така ќе биде забранета експлоатација на природното богатство, како и изградба на нови хотели.
Областа, која е на 400 километри југоисточно од полуостровот Баја Калифорнија, опишана е како Галапагос на Северна Америка, поради нејзината вулканска природа и уникатна животна средина.
Архипелагот се состои од вулканските острови: Сан Бенедикто, Сокоро, Рока Партида и Кларион.
Расположен меѓу две океански струи, островите се центар на отворено море со миграција на видовите.
Стотици видови диви животни има во овој дел од океанот, вклучувајќи и китови со грпка, кои го користат планктонот во крајбрежните области околу островите.
Лани Тихиот Океан беше прогласен од Унеско за област од светско наследство.
Марија Хосе Вилануева, директор на Светската организација за конзервација (ВВФ) во Мексико, го опиша потегот како важен преседан за остатокот од светот. Оваа одлука на мексиканските власти следи по сличен потег од Чиле, кој создаде уште поголем океански резерват во 2015 година.