ВО ХОНГКОНГ ОТВОРЕНА МОДЕРНА ТЕРЕТАНА СО ЕСКАЛАТОР ВО ФОРМА НА ТУНЕЛ

Хонг Конг, (Дезен)

Во центарот на Хонгконг, архитектонското студио МР направи фитнес центар во футуристички стил, за да им понуди на членовите бегство од нивните напорни животи.

Влезот и приемниот дел на „Џим таун“ се во нијанса на портокалова, која ги претставува боите на Марс, а црните области за вежбање беа дизајнирани да им овозможат на посетителите да се фокусираат на нивните здравствени цели.

„Сакавме да создадеме уникатно и извонредно искуство за посетителите на теретаната“, изјави за „Дезен“ основачот на „МР Студио“, Мајрон Кван. „Концептот на Марс е избран да претставува бегство и чувство на авантура.

Од влезот до фоајето на теретаната се оди со ескалатор кој има драматичен изглед и е во форма на тунел. (Фото: „Дезен“

Инспирирани од визијата на Илон Маск за колонизирање на Марс, сакавме да создадеме таков простор“, вели тој.

Од влезот до фоајето на теретаната се оди со ескалатор кој има драматичен изглед и е во форма на тунел. Околу ескалаторот, ѕидовите се како низа вертикални гребени. Има и простор и бар за настани и собири, направен од месинг. Соблекувалните, салите за вежбање и студијата се во црна и сива боја.

„За да се поттикнат членовите целосно да се посветат на нивните фитнес рутини, областа за вежбање е во непретенциозен стил“, велат од студиото.