МОРА ДА СТИГНЕМЕ НА МАРС ПРЕД ДА ИЗБИЕ НОВА СВЕТСКА ВОЈНА, ВЕЛИ ИЛОН МАСК

Остин, (Би-Би-Си)

Илон Маск, бизнисмен склон кон луди крајни рокови, сега постави уште еден: пробни летови за Марс ќе има наредната година.

Мислам дека ќе бидеме во можност да спроведеме кратки летови. Ова го очекувам во одреден момент во првата половина на следната година“, кажа Маск на еден фестивал во Остин, Тексас.

Според него, од витално значење за човекот е да стигне до „црвената планета“ пред да избие можна следна светска војна.

Колонија на Марс ќе ги намали шансите за продолжено ново мрачно доба, доколку нуклеарен конфликт го избрише животот на Земјата“, изјави Маск, додавајќи дека неговите крајни рокови, сепак, треба да се земат со резерва.

Тој веќе има и претстава како би требало да изгледа опшеството на Марс.

Најдобар облик на влада на Марс би била директна демократија, во којашто луѓето директно би гласале за сите прашања. Сите гласаат за сѐ. Оваа колонија е суштинска за преживување на човечката раса. Не верувам дека на Земјата нема да се повтори светска војна. Тоа беше нашиот шаблон во минатото“, смета Маск.