Од денес до среда во 13 кафилиња во Скопје ќе се одржи недела на коктели. Посетителите ќе можат да пробаат најразлични видови на коктели креирани само за овој настан.
Во рамките на неделата на коктели, ќе се обучуваат бармени за новите коктели што ќе бидат актуелни за зимскиот период. Организаторите велат дека целта е да им се даде поддршка на кафулињата да ја креираат својата понуда според високи светски стандарди и на гостите да им се понудат нови видови коктели соодветни за сезоната есен-зима.
Неделата на коктели се реализира во организација на компанијата „Гемак“, која е застапник за повеќе алкохолни пијалоци.