Фронтменот на групата „Забрањено пушење“ Неле Карајлиќ вечерва ќе настапи на „Скопје пиво фест“, што се одржува на стадионот на АРМ во Градски парк.
Годинашниот пиво фест, кој почна синоќа, ќе трае до недела, а на двете бини поставени на стадионот ќе настапат над 30 изведувачи. Посетителите во исто време можат да пробаат над 60 видови пиво.
Утре ќе настапат Џамбо Агушев, „Паркети“, „Чиста околина“ и белградскиот бенд „САРС“. В недела, фестивалот ќе го затвори рок бендот „Ван гог“.
„Пиво фест“ е во организација на Град Скопје и „Пасворд продукција“ и има за цел да промовира домашни и интернационални брендови на пиво, да ја зајакне пивската култура во Македонија и да го промовира Скопје како град на љубителите на пивото.