Никола Ристановски ја освои гран при наградата за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ за ликот на д-р Стокман во претставата „Народен непријател“, во режија на Нина Николиќ. Претседателка на жирито кое му ја додели наградата беше прославената актерка Тања Бошковиќ.
Ова е веќе трета награда за Ристановски за оваа улога, по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и на фестивалот „Нов тврдина театар“ во Србија.
„Народен непријател“, адаптација на класичното дело на Хенрик Ибзен, имаше премиера во Македонскиот народен театар на 9 мај годинава.
(Фото: МНТ)