На 23 декември, во Македонскиот народен театар од 15 и од 17 часот ќе игра детската претстава „Далматинко и Дедо мраз“. Играат Магдалена Ризова-Черних, Бранко Атанасов и Сашо Ристовски, кој е автор и режисер на претставата.
Претставата е интерактивна, па децата ќе можат да разговараат со главните ликови Дедо Мраз, кучето Далматинко и тетка Мраз, велат од МНТ. Билетите по цена од 300 денари се пуштени во продажба на билетарницата на МНТ.