ЊУЈОРК ЌЕ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА НА ВИРТУЕЛЕН НАЧИН

Њујорк, (Си-Ен-Ен)

Наместо светски познатиот традиционален дочек со илјадници гости на Тајмс сквер, Њујорк поради коронакризата ќе ја слави Новата година на виртуелен начин, соопштија организаторите на 100 дена пред прославата.

„Едно нештo кое нема да се промени е одбројувањето на секундите до 1 јануари. Ќе ни недостигате сите оваа година, но ќе ја донесеме прославата кај сите вас и ќе имате можност да ни се придружите виртуелно. Оваа прослава ќе биде визуелна, виртуелна и безбедна“, се вели во соопштението на организаторите.

Тие велат дека деталите дополнително ќе бидат објавени.

„Новата година значи нов почеток и едвај чекаме да ја прославиме“, изјави градоначалникот Мајк де Блазио.