Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, па од утревечер, во Македонија повторно ќе има општа забрана за движење во ноќните часови.
- Полицискиот час ќе стапи на сила утре и ќе трае од 22 до пет часот.
- Оваа мерка ќе се применува најмалку до 22 март.
- Комисијата за заразни болести предложи воведување на полициски час откако во изминатиот период повторно е забележано зголемување на бројот на нови случаи на коронавирус.
- Во изминатите 24 часа, регистрирани се 872 нови случаи на зараза и 22 починати од ковид-19.
- Бројот на активни случаи е во значителен пораст и сега изнесува 9.300.