Операта од Моцарт, „Свадбата на Фигаро“, ќе се изведе вечерва од 20 часот на Малата сцена на Националната опера и балет, што е заеднички проект на „Балкан опера студио“, Оперското студио при Литванската национална опера и балет и домашниот оркестар „Профундис“. Ќе диригира Ѓурѓица Дашиќ.
Режијата и продукцијата се на Љупка Јакимовска и Дамјан Попоски, музичкиот директор на Оперското студио, Раминта Лапсатис, ќе настапи на чембало, а соработник на пијано е Јанинка Невчева. Во насловната улога е Јонас Сакалаускас, а како специјална гостинка ќе настапи првенката на Литванската опера, Јоана Гедминтаите, како грофицата Алмавива.
Влезот за ова уникатно македонско-литванско-хрватско оперско искуство е слободен.