Филмот кој триумфираше на годинашните 93. Оскари, драмата „Земја на номади“ на кинеската режисерка Клое Жао денес игра на Фестивалот на европски филм Синедејс во Скопје. Проекцијата е дел од Гала програмата, а закажана е во 22: 30 часот во Градскиот парк, тревникот зад споменикот на Гоце Делчев.

Филмот освои три Оскари: за најдобар филм, режија и за актерка, Френсис Мекдорманд.

Претходно, во 20:30 часот, на истата локација во Градски парк е проекцијата на филмот „Пад“ на Виго Мортенсен. Билетите чинат по 100 денари.

Во парк Ибни Пајко, во 21 часот ќе се прикаже филмот „Тамбурите“ на Станислав Томиќ, а во 23 часот „Човекот со одговорите“ на Стелиос Каматсис.

Филмови има и во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) и на тврдината Кале. Од програмата синеМјузик, за во 23:30 во МКЦ парк е најавен концертот на Дина Јашари.