Три први места се доделени на 28. Ликовна работилница за ученици со попреченост, организирана од основното училиште и ресурсен центар „Маца Овчарова“ во Велес. Тоа се Фатбарл Воца од ОУ „Даме Груев“ од Градско, Билјана Николовска од ОУ „Васил Главинов“ од Велес и Елифнур Дурмаз од Турција. За ваквата одлука жирито се одлучило поради добриот квалитет на изработените цртежи.
„Со оваа работилница го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември. Од пред три години, таа е меѓународна. Учествуваат ученици од основните училишта, ученици од специјализираните училишта, но и ученици со попреченост кои наставата ја посетуваат во редовните училишта“, кажа Снежана Стојановска, директорка на ОУРЦ „Маца Овчарова“.
Освен Турција, пријавени дела од странство имаше и од ученици од Србија.
П. ПЕЧКОВ