ПАНДЕЛКА ОД ЦВЕЌИЊА ВО ГРАДСКИ ПАРК ЗА ЖЕНИТЕ КОИ СЕ БОРАТ СО РАКОТ НА ДОЈКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во првиот дел од Градскиот парк во Скопје жените вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ и директорот Ардијан Муча направија цветна фигура во вид на панделка, симболот на борбата против ракот на дојка. Цветната фигура е изработена од 70 хризантеми.

„Цветната фигура во Градски парк е за да се сеќаваме на оние кои ги изгубивме, за оние кои се борат во оваа битка, но и за сите други жени за да ја подигнат свеста за своето здравје“, изјави директорот Муча.