Четиринаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс почнува вечерва во 20 часот во Куршумли ан. На програмата се филмовите „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон (Франција) од 21 часот и „Танцувајќи ја Пина“ на Флоријан Хејсен Сиоб (Германија) од 21:15 часот. По филмската програма, во Куршумли ан ќе настапи групата „Искра“.
Билетите за филмските проекции се распродадени.
МакеДокс ќе трае до 24 август на четири локации: Куршумли ан, платото на Музејот на Македонија, Младински културен центар и Сули ан, додека мастеркласовите ќе се одржат во Даут пашин амам.
Тематски фокус на фестивалот е монтажата на документарните филмови. Ќе има 75 филмови и над 100 гости.