ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦАТА ЌЕ СЕ ДЕЛАТ ВО ДОЈРАН НА НОВОГОДИШНАТА ЗАБАВА ВО ПАРКОТ

Дојран, (СМАРТ СДК.МК)
На 30 декември, во Градскиот парк во Дојран од 17 часот ќе се одржи празничниот детски настан „Новогодишна бајка“. Како музичка гостинка ќе настапи Тамара Грујеска, годинашната македонска претставничка на Детската евровизија.

Настапуваат и балетското студио „Мистик денс“ и децата од ОУ „Кочо Рацин” од Дојран и од градинката „Кокиче”, кои ќе подготват и новогодишен базар. Секое дете на настанот ќе добие подарок од Дедо Мраз, а ќе има и бесплатни пијалаци за публиката. На настанот ќе се избира и најубаво украсената куќа во Дојран.