ПОЛЈАЦИ ЈА ПЕЕЈА „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ“ ВО ВАРШАВА НА ОТВОРАЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА ПРОМОЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА

Варшава, (СМАРТ СДК.МК)

Во просториите на Волскиот центар за култура во Варшава се одржа настан по повод формирањето на Здружението за промоција на македонската култура во Полска. На настанот беа презентирани целите и структурата на здружението од страна на неговиот претседател Горан Шутиновски.

Програмата продолжи со проекција на краткометражните филмови, „Долу од рајот“ на Саша Станишиќ и „Ќе му се јавам на татко ти“ на Леонид Ристов. Со музичка точка настапи Ансамблот за песни и танци при Економскиот универзитет во Варшава, кој изведе неколку полски народни песни, како и македонската песна „Македонско девојче“.

Во изложбениот простор на културниот центар имаше поставка на урбани фотографии од Скопје и Варшава на Даниел Анастасов, а беа изложени и македонски орнаменти од приватните колекции на некои од членовите на здружението.