Истражувањето на Фондацијата за ментално здравје од Лондон сугерира дека уметноста помага да се зајакне самодовербата, правејќи нè да се чувствуваме поотпорни. Исто така, може да ги ублажи анксиозноста, депресијата и стресот.
„Арт Фонд“, добротворна организација која финансиски ги поддржува музеите и галериите, неодамна ја спроведе студијата „Смирено “, која покажа дека иако 63 проценти од испитаниците посетиле музеј или галерија за да го намалат стресот во одреден момент, само 6 проценти одат редовно. Се чини дека иако повеќето луѓе го искусиле позитивното влијание на уметноста од прва рака, тоа не е нешто што мислат дека вообичаено им треба како физичката вежба.
„Во нашите животи, уметностите се маргинализирани и се гледаат како добра за поседување. Не сфаќаме дека сме поврзани со овие искуства“, вели Сузан Магсамен, коавтор на книгата „Твојот мозок на уметноста и како уметностите нè трансформираат“.
„Никогаш не е доцна да се искористат предностите на естетските искуства“, вели Магсамен.
Фото: Гети