Луѓето кои работат повеќе се склони и кон повеќе пиење алкохол. вели ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО).
Оние кои работат повеќе од 49 часа неделно во просек пијат чаша вино или кригла пиво повеќе од оние кои имаат стандардно работно време од девет до 17 часот. Експертите велат дека „зависниците од работа“ го користат алкохолот за да се наградат себеси или да се опуштат по долга, стресна недела.
Ова истражување на СЗО е последно кое укажува на поврзаноста помеѓу работните часови и консумирањето алкохол.
Податоците за 105.000 луѓе открија дека оние кои работат меѓу 41 и 48 часа неделно во просек пиеле 10,4 грама чист алкохол повеќе од оние кои работат меѓу 35 и 40 часа. Тоа е рамно на мало пиво или помала чаша вино. Бројките растат на дополнителни 17,7 грама чист алкохол кај оние кои работат од 49 до 54 часа неделно, што е рамно на пола литар пиво, односно поголема чаша вино.
„Знаеме дека долгите работни часови се стресни, а алкохолот го намалува стресот. По долга и напорна работна недела сакаме малку да се опуштиме или да се наградиме“, вели авторот на студијата Лод Годерис од Универзитетот во Леувен, Белгија.