ПРЕМИЕРА НА ЕДУКАТИВНИОТ ФИЛМ „ТЕАТАРОТ ВО СКУПИ“ НА ВЛАДИМИР БЛАЖЕВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 19 часот, во Кинотеката, на Светскиот ден на театарот, премиерно ќе се прикаже филмот „Театарот во Скупи“, во режија на Владимир Блажевски.

„’Театарот во Скупи’ е научно-образовен филм, кој го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар, објект од национално, но, пред сѐ, цивилизациско значење. Паралелно, се обработува и историјата на градот Скупи. Филмот не ги открива само тајните на театарот, тој нѐ воведува во археологијата како наука и во конзерваторството како занает“, велат од Агенцијата за филм.

Продуцент е „Фокус покус филмс“, а копродуцент „Трикс филмс“. Стручни соработници се Антонио Јакимовски и Виктор Лилчиќ. Музиката е на Александар Пејовски.