Претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ од Филип Грујиќ, во режија на Борис Василески, премиерно ќе се изведе вечерва од 20 часот на Малата сцена во Националната опера и балет (НОБ).
Продуцент на претставата е Андреа Маркоска, драматург Стефан Миленков, костимографијата е на Марта Дојчиновска, сценографијата на Ненад Тонкин, а музиката ја напиша Сашко Костов. Во претставата играат Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова.
Екипата вели дека „Вилицата на Ибен Бајерс“ сведочи за извонредниот подем и трагичниот пад на Ибен Бајерс, човек обземен од амбиции и заробен од смртоносна привлечност.
„Претставата навлегува во вистинската приказна за протагонистот, харизматичен индустријалец чиј живот добива судбоносен пресврт кога ќе наиде на моќен напиток“, вели тимот.