СО ПРОМОЦИЈА И КОНЦЕРТ СЕ ЗАТВОРА НАСТАНОТ „НЕ Е ШЕГА: ДИСКРИМИНАЦИЈА И ЦЕНЗУРА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со концерт и промоција на книга (20 часот), вечерва се затвора мултимедијалниот настан „Не е шега: дискриминација и цензура“, што во изминатите десет дена се одржуваше во Музеј на Македонија во Скопје.

„Не е шега: дискриминација и цензура“ е и насловот на книгата што вечерва ќе биде промовирана. Книгата се фокусира на темите дискриминација и цензура, што беа обработувани од студенти на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, и тоа преку текстови и изработка на плакати.

Промотер на книгата ќе биде доц. д-р Ана Никодиновска-Крстевска, која заедно со проф. м-р Јана Јакимовска е и уредник на оваа публикација.

Од 21 часот почнува џез концертот на Тони Китановски, кој ќе настапи со студенти од Музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“.

„Не е шега: дискриминација и цензура“, кој опфати и изложба, трибини и работилница, го организираа универзитетот „Гоце Делчев“ и Музеј на Македонија.