Вечерва во 19 часот, во Клуб-ресторанот МКЦ ќе се одржи промоција на книгата „По дождот“ на хрватскиот актер со богата филмска, телевизиска и театарска кариера Раде Шербеџија.
„Главната тема што се провлекува низ испреплетените парчиња текст е чувството на вечен егзил, патување во кое не постојат други граници освен реалните. Тие често создаваат немир за кој мора да се пишува. Да се одглуми најтешката улога – помирувањето со себеси како странец во друга земја. Раде не е обичен раскажувач, тој е интимен сопатник низ поглавјата што ги ткае во својата приказна“, најавува издавачкиот центар „Три“.
Промотор ќе биде писателот и колумнист Венко Андоновски.