Научниците го потврдија првото видување на хибрид помеѓу кит и делфин, кој бил забележан во океанските води покрај брегот на Хаваи. Сепак, тие предупредуваат тој да не се нарекува „волфин“.
Китот со глава со облик на диња е еден од различните видови што се нарекуваат кит, но технички е делфин.
„Да го наречете волфин нема никаква смисла. Тоа уште поконфузна ја прави ситуацијата“, изјави Робин Берд, биологот кој го истражува животинскиот свет на Хаваи.
Во студијата објавена минатата недела се вели дека животното кое било забележано во август 2017 година покрај островот Каваи е прв случај на хибрид кој ги вклучува двата вида. Иако некои го опишаа хибридот како нов вид животно, Берд вели дека тоа не е случај.
„Имаме примери кога хибридизацијата довела до појава на нови видови, но ова сега не е таков случај. Немаме докази дека ова води кон формирање нов вид“.
Научниците немаат информации колку е стар хибридот, но веруваат дека е веќе возрасен примерок.