РОДИТЕЛИТЕ ВО БРИТАНИЈА ЌЕ ПЛАЌААТ 120 ФУНТИ КАЗНА АКО НИВНОТО ДЕТЕ ДОЦНИ НА УЧИЛИШТЕ

Манчестер, (Мирор)

Според новите правила во британските училишта, кои што почнаа да важат од јануари, ако детето задоцни 10 пати во рок од три месеци, родителите ќе бидат казнети со 120 фунти. Претходните правила предвидуваа минимум 20 доцнења во истиот рок, пред да биде преземено нешто.

„Претходно, ученик требаше да има 20 неоправдани доцнења пред да се изрече казна. Сега тоа е сменето на 10 доцнења и тие не мора да бидат едноподруго за да биде изречена казна. Затоа, ве охрабруваме да се погрижите вашето дете да доаѓа на училиште навреме. Како и да е, ако вашето дете сепак задоцни, потребно да го информирате училиштето за причината и ние можеме да ви понудиме некаква форма на совет или поддршка“, се вели во писмото до родителите во Стафордшир.

Ако се плати во рок од 21 ден, казната е 60 фунти, но ако не се плати во рок од 28 дена, може да се отвори случај против родителите за доцнењето на учениците и на крајот да платат максимална казна од 2.500 фунти или затворска казна до три месеци.