РУМЕНА БУЖАРОВСКА ЈА ПРОМОВИРА ЗБИРКАТА ЕСЕИ „ГОСПОД, ПА АМЕРИКА“ НА 15 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новата книга на Румена Бужаровска „Господ, па Америка“ ќе биде промовирана на 15 април во „Јавна соба“ во Скопје (19:30 часот). Оваа збирка есеи е издание на издавачката куќа „Три“. Промотор ќе биде Ивор Мицковски.

„Есеите што веќе беа објавени на српски јазик во ‘Големи приказни‘ (Велике приче) го добиваат своето македонско издание. Станува збор за лични гледишта и критика кон општеството. Овие есеи се своевидно разголување на ставовите, спомените и размислувањата на авторката, како и на современото американско општество“, велат од „Три“.

По четири збирки раскази, ова е прва збирка есеи на Бужаровска. Нејзините претходни книги се преведени на над 15 јазици.

Фото: СДК.МК