САМО УШТЕ 12 ДРЖАВИ НЕМААТ ПОТВРДЕНО ПОЈАВА НА КОРОНАВИРУС

Женева, (Ал Џазира)

Лесото денеска стана 54. и последна африканска држава која потврди појава на коронавирус.

Иако глобалната пандемија на КОВИД-19 беше прогласена пред точно два месеца, сѐ уште има држави до кои што вирусот не стигнал или барем властите официјално не го потврдиле тоа.

Покрај најзатворената држава на светот Северна Кореја и Туркменистан, кој дури ја забрани употребата на зборот коронавирус, во оваа група доминираат далечните островски државички сместени во Пацификот. Така случај на коронавирус немаат потврдено ни Кирибати, Маршалови Острови, Микронезија, Науру, Палау, Самоа, Соломонски Острови, Тонга, Тувалу и Вануату.

За пет и пол месеци откако првпат беше идентификуван во Вухан, од КОВИД-19 починале речиси 300.000 луѓе.