СЕ ПРОДАВА ТОАЛЕТНАТА ДАСКА НА ХИТЛЕР, СЕ ОЧЕКУВА ЦЕНА ОД 15.000 ДОЛАРИ

Њујорк, (Њујорк пост)

Тоалетната даска од домот на Адолф Хитлер во Баварија се продава на аукција, а почетната цена е 5.000 долари. Аукционерите веруваат дека на наддавањето таа ќе порасне и до 15.000 долари.

Според аукциска куќа од Мериленд, даската досега била во сопственост на американскиот војник Рагнвалд Борч, на кого при повлекувањето од Бергхоф на крајот на Втората светска војна претпоставените му рекле да земе што сака од домот на Хитлер. Освен панцир од Првата светска војна и две уметнички слики, тој ја зел и даската.

Кога друг војник го прашал што ќе прави со неа, Борч одговорил: „Што мислиш, каде Хитлер го ставал задникот?“, стои во описот на понудениот предмет.

Борч ја чувал даската во подрумот на семејниот дом во Њу Џерси и сега ја продава неговиот син.