ШТРК ЗНАЧИ ДЕКА ЖИВЕЕМЕ ВО ЗДРАВА СРЕДИНА – ПАР ШТРКОВИ ПРИСТИГНА ВО ЧЕШИНОВО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Во Чешиново, Кочанско, каде што е најголемото штрково гнездо во Европа, пристигна пар штркови, објави здружението „Оризова братимка“.

Гнездото има висина од 3,2 метра и се наоѓа на Задружниот дом во Чешиново. Тоа е гнездото број еден, според броењето на штркови гнезда што Здружението го изврши во 2019 година.

Чешиново е дел од Општина Чешиново-Облешево, која беше прогласена за Европско село на штркот за 2013 година.

„Белиот штрк е симбол на зачувани природни станишта и неговата присутност во нашата близина е потврда дека живееме во здрава околина“, велат од Здружението.