СЛОВЕНЕЧКИОТ КРИМИ ПИСАТЕЛ ТАДЕЈ ГОЛОБ ВО СКОПЈЕ ГО ПРОМОВИРА РОМАНОТ „ЕЗЕРО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Познатиот словенечки писател на крими-романи Тадеј Голоб, по чии дела се снимени словенечките серии „Езеро“ и „Ленинов парк“, утре и задутре ќе гостува во Скопје.

Романот „Езеро“ на македонски јазик го издаде „Чудна шума“ во 2021, додека „Ленинов парк“, вториот дел од серијалот за инспекторот Тарас Бирса, ќе излезе следната година.

Утре во 18 часот, во Бистро Комедија ќе биде промовиран романот „Езеро“, а покрај авторот, ќе присуствува и преведувачот Дарко Јан Спасов. Вториот настан, замислен како средба на Голоб со читателите, ќе се одржи на 19 октомври од 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Настаните се поддржани од Јавната агенција за книга на Словенија, Креативна Европа и од словенечкиот издавач на романите на Голоб, „Гога“.