СО ФИЛМОТ „СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ“ СТАРТУВА МЕСЕЦОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК.)

Со вечерашната проекција на филмот „Со полно работно време“ во киното Милениум (20 часот) почнува Месецот на Франкофонијата во Македонија.

Режисер е Рик Гравел, а во главните улоги се Лора Калами и Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција (најдобар режисер и најдобра актерка) и две награди Цезар (најдобра монтажа и најдобра музика) од четирите номинации.