СРПСКИОТ ВИОЛИНИСТ РОБЕРТ ЛАКАТОШ НА 30 НОЕМВРИ ЌЕ СВИРИ СО ОРКЕСТАРОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Српскиот виолинист Роберт Лакатош в четврток (30 ноември) од 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонијата на концертот насловен „Искон“. На програмата се Концертот за виолина и оркестар во Д-мол од Јан Сибелиус и Симфонијата бр. 1 од Васили Калиников. Диригент е Мануел Хернандес-Силва од Венецуела.

Лакатош (32) дипломирал на Академијата за уметност во Нови Сад, каде што работи како професор по виолина, како и на Факултетот за музичка уметност во Белград. Од 2018 е уметнички раководител на камерниот гудачки ансамбл „Роберт Лакатош“, чија цел е да промовира млади виртуози на виолина.

Диригентот Мануел Хернандес-Силва дипломирал на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „Јунгер Кунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој денес диригира.