СТЕФАН МЛАДЕНОВСКИ И ДАВОР КЕШЌЕЦ СО ПРВА ЗАЕДНИЧКА ИЗЛОЖБА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски.

Двајцата млади уметници заедно имаат завршено средно уметничко (оддел графика) и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020. Ова е нивна прва заедничка изложба, на која Кешќец ќе се претстави со серија дела насловени „Сина месечина“, а Младеновски со неговите „Ликовни решенија“.

„На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност. Согласно протоколите за организирање настани во затворен простор, бројот на посетители ќе биде намален и носењето маска е задолжително“, најавува МКЦ.