СТРАНИЦА ОД СТРИП СО СПАЈДЕРМЕН ПРОДАДЕНА ЗА 3,36 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Далас, (АП)

Една страница од стрип со Спајдермен од 1984 година се продаде на аукција за 3,36 милиони долари. Станува збор за 25. страница од епизодата „Тајните војни број осум“, нацртана од Мајк Зек, во која првпат се појавува црниот костим на Спајдермен. Костимот подоцна ќе доведе до појавата на ликот Веном.

Наддавањето на стрип настан во Далас почнало од 330.000 долари, за на крајот да надмине три милиони. Името на купувачот не е објавено.

Претходната рекордна цена за една страница од стрип изнесуваше 657.250 долари, а беше платена за изданието на „Неверојатниот Хулк“ од 1974 година во кое се навестува појавувањето на Вулверин.