СТУДЕНТИ СОБРАА ПАРИ ЗА ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦА СО АУТИЗАМ И ЗА ТАБЛЕТИ ЗА ДЕЦА ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Студентите од студентската организација „Магнум Опус“ при АУЕ ФОН Универзитет ги израдуваа дечињата од центарот за деца со аутизам „Во мојот свет” со новогодишни подароци. Тие им подарија и таблети на близначиња кои два месеца не биле во можност да ја следат наставата.

Претходно беше организирана онлајн изложба со линк за донации и секој донираше во рамките на своите можности.

„Разбираме дека пандемијата влијаеше на финансиите на многу граѓани. Би сакала да им искажам огромна благодарност на сите кои донираа. Ги повикувам и другите организации и приватни компании да бидат несебични и општествено одговорни во новата година“, вели Катерина Селамовска, претседателка на „Магнум Опус“.