ТАМАРА ЗАБАЗНОСКА СО ИЗЛОЖБАТА „НАТУРА“ ВЕЧЕРВА ВО МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Натура“ на Тамара Забазноска.

МКЦ вели дека мерките на претпазливост од ширење на коронавирусот се строго испочитувани. Забазноска (1987) е интердисциплинарен уметник и архитект.

„Поттикната од тајните што ги содржи природата во корелација со новите научни истражувања, опусот што го претставува Забазноска е базиран врз науката и знаењата и е насловен ‘Натура’ – љубов кон природата во сите нејзини манифестации“, велат од МКЦ.