По пауза од осум месеци поради пандемијата на ковид-19, Народниот театар во Битола синоќа почна со изведби на претстави од редовниот репертоар. Како дел од интернационалниот фестивал Интерфест се изведе претставата „Последната ноќ“ од Ингмар Вилквист, во режија на Андреј Цветановски.
Публиката носеше маски и седеше на дистанца, почитувајќи ги протоколите за заштита од ковид-19. За сѐ да тече во најдобар ред, помогна и екипа на Црвен крст. Од Театарот најавија дека продолжуваат со новата сезона, и покрај коронакризата.
Со работа минатата недела почна и Велешкиот театар, а Македонскиот народен театар почнува од 14 октомври.
Ж. ЗДРАВКОВСКА