Новата книга „Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација“ од Томислав Османли, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, имаше онлајн промоција преку платформата Зум. Книгата содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури, наративи дојдени до нас преку грчката култура и писменост или создадени во неа.
„Идејата да напишам книга со прераскажани митови е стара неколку години. Сакав да создадам еден вид потсетник за сложените текови на митолошките приказни наменети за моите внуци. За мене беше важно во нивното основно образование, покрај другите приказни, видно место да заземат овие наративи“, рече авторот на промоцијата.