Општина Велес ги обезбедила авторските права за ТВ-серијата „Црвениот поет“, посветена на Кочо Рацин и ќе биде прикажана во рамките на 60. Рацинови средби, кои ќе се одржат од 9 до 15 јуни. Прикажувањето на серијата ќе се одвива од понеделник до 14 јуни на отворено во вечерните часови.
„Серијата е во продукција на ‘Сектор филм’, сценариото е на Сашко Насев, режијата на Никола Поповски. Прикажувањето ќе биде во амфитеатарот во Младинскиот парк и е бесплатно и достапно за сите граѓани“, кажа Александра Андреева од локалната власт на Велес.
„Црвениот поет“ е снимена во 2016 година и досега не е емитувана на националните телевизии. Има 10 епизоди. Рацин го игра актерот Александар Ристоски.
П. ПЕЧКОВ