УМЕТНОСТ ВО ИЗЛОГ – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ „НЕДЕЛА НА ИЗЛОЗИ“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Дваесет и пет студенти од Технолошко-металуршки и Архитектонски факултет во Скопје разубавија шест излози во центарот на градот, како дел од првото издание на фестивалот „Недела на излозите“, што ќе трае до вторник.

Основачи на фестивалот се модниот истражувач Кристина Глигоровска, архитектката Искра Јанковска-Михајловска и модната креаторка и професорка Лидија Георгиева, а е поддржан од Амбасадата на Швајцарија.

Преуредени се излозите на книжарниците „Култура“ и „Литература.мк“, часовничарот „Хронометар“, Театарот за деца и младинци и на продавницата за чоколада на швајцарскиот бренд „Линт“, како и пасажот до „Литература.мк“.

„Има едно правило кое вели дека излозите изгледаат најубаво во дождлива вечер. Сметаме дека излозите се репер за естетската култура која постои во градот. Среќни сме што ја подигнавме свеста дека излозите практично се уметност“, рече Глигоровска на отворањето.

Партнери на првото издание на фестивалот, покрај двата факултета, се и Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ од Скопје и „МладиХаб“, односно Канцеларијата на претседателот Стево Пендаровски на Рекорд. „МладиХаб“ ќе служи како информативна точка за време на фестивалот.

Фото: К. Попов

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, меѓу гостите на отворањето