УШТЕ 14 ДЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
People with protective masks walk in front of a mural inspired by the "Covid19" in Skopje, Republic of North Macedonia on 09 May 2020.Due to the lower number of newly infected COVID-19 patients the North Macedonia government is considering to lower the quarantine measures in the country. Starting Monday, 11 of May, there will be selective reopening of some restaurants and coffee shops in the country.

Иако пред неколку дена беше укинат најголем дел од рестриктивните мерки, во Македонија и во наредните две недели на сила ќе биде вонредна состојба, додека уште пет лица починаа од КОВИД-19.

  • Десетмесечно бебе кое почина во Швајцарија, каде што беше префрлено на лекување на барање на родителите, е заведено како најмладата жртва на коронавирусот во земјата.
  • Министерството за здравство информираше дека починале уште четири лица: три од Скопје на возраст од 47, 69 и 70 години и едно од Струга (70).
  • Со тоа бројката починати од КОВИД-19 порасна на 131.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени уште 35 случаи на коронавирус (од 1.120 тестирања), од кои 22 во Скопје, шест во Тетово, четири во Куманово и еден во Струга, Штип и Гостивар.
  • Во Македонија досега има 2.164 заразени, при што 498 се активни случаи, а оздравеле 1.535 лица.
  • На барање на Владата, претседателот Стево Пендаровски прогласи нова 14-дневна вонредна состојба, која почнува од утре.