Утре во 18:30 на Школка во Градски парк, ќе има проекција на анимираниот филм „Тајниот агент Мјау“ базиран на приказна од браќата Грим. Киното на отворено е во организација на Зоолошката градина и на дистрибутерската куќа МФЦ МК. Филмот е германско-белгиска копродукција, со македонска синхронизација.
Од скопската ЗОО најавуваат дека настанот ќе се одвива според здравствени протоколи, влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се следи филмот. Пред проекцијата на филмот ќе има и мала зоо едукација со Војо Иванов.